За Нас

Почувствувајте ја природата на вашата кожа  и таа сигурно ќе ве награди

Аптека Софора е основана 1999 година и во неа работи стручен тим од 3 фармацевти и 1 фармацевтски техничар. Нашите убедувања се дека светот се движи во погрешна насока со прекумерната употреба на конзерванси, вештачки бои, емулгатори и другите инвазивни хемиски средства кои секојдневно ги нанесуваме на нашата кожа. Последиците од нивната примена се видливи, затоа што секојдневно се зголемува бројот на луѓе со алергиски реакции на кожата, иритации, црвенила, и други промени кои тешко се лекуваат. Поагајки од сето тоа се одлучивме да внесеме козметичка линија на производи која се изработува рачно од природни масла, екстракти, тинктури и етерични масла без додатоци на конзерванси, вештачки бои и хемиски инвазивни средства.

Нашата визија

Природата е единствената книга,која на сите листови нуди многу содржини.

ГЕТЕ

Зошто природни производи?

Зачетоците и идејата за природни производи за мене како основач на аптека Софора датираат многу одамна, уште од моите студии по фармација, кога сватив дека природата само дава а ништо не бара за возврат. Како човек длабоко во себе верувам дека правилниот пат во животот е патот кој е исклучиво во хармонија со природата. Со технолошкиот развој на пазарот се појавија мноштво синтетички индустриски препарати за нега на кожа, кои содржат штетни и иритирачки хемиски средства па се повеќе доведуваат до алергиски реакции, разни иритации и дерматити на кожата. Уште во далечната 1992 година почнавме со изработка на магистрални препарати за нашите пациенти, исклучиво базирани на природна основа. Во нивниот состав влегуваат растителни масла, растителни екстракти, тинктури, етерични масла, кои ја хранат, негуваат и штитат кожата од штетните надворешни влијанија. Се што изработуваме е во мали серии, или поединечно по барање на пациентите и не содржи вештачки бои, конзерванси и хемиски агресивни средства.

Последните 3 години работевме на подобрување на квалитетот на истите, па решивме да ги понудиме на пазарот во Македонија. Во нашите производи, сапуните, шампоните, кремите, балсамите, маслата и тониците е соединета традицијата оплеменета со научните достигнувања во фармацијата. Тие се безбедни за употреба, немаат никакви споредни ефекти и полека но сигурно го постигнуваат бараниот ефект.

Лекарот лекува но природата излечува.
Ако ја пратиме природата како водач никогаш нема да залутаме.

Цицерон

Од тимот на Софора


Запознајте го Нашиот Тим

Секогаш овде за вас
    Ружа Гошевска

    Дипломиран фармацевт со повеќе од 38 години работно искуство во подготвување природни препарати и лекови. Исто така работи како специлајист по медицинска биохемија од 1997 година.

    Ружа Гошевска
    Фармацевт (сопственик)
    Васка Страторска

    Фармацевтски техничари со повеке од 25 години работно искуство во Аптека Софора

    Васка Страторска
    Фармацевтски техничар
    Кристина Милошевска

    Дипломиран фармацевт со повеке од 10 години работно искуство во Аптека Софора.

    Кристина Милошевска
    Фармацевт
    Емилија Шутевска

    Дипмомиран фармацевт и воедно најмалд член на нашиот тим.

    Емилија Шутевска
    Фармацевт
Аптека Софора
Природни производи со врвен квалитет и традиција

Our advantages

Ideas and concepts

Lorem ipsum dolor sit amet, consectetur adipiscing elit.

Designs & interfaces

Lorem ipsum dolor sit amet, consectetur adipiscing elit.

Highly customizable

Lorem ipsum dolor sit amet, consectetur adipiscing elit.

Easy to use

Lorem ipsum dolor sit amet, consectetur adipiscing elit.