Продажба!

Антидерматитна Маст

ден490.00

 

Состав: Mасло од гавез, масло од ајдучка трева, масло од невен, пчелин восок, етерично масло од лаванда.

Тежина:  50 гр.

Дерматит е воспалување на кожата кое се манифестира во вид на црвенило и сува и испукана кожа која се лупи и чеша како и црвен осип од кој може да излегува течност и да се создаваат красти. Има повеќе видови на дерматити: себороичен дерматит, атопичен дермтит (егзем), неуродерматит итн… Лекувањето на дерматитот е долг процес и за жал многу често дерматитот се повторува. Маслото од гавез има кератолитички и емолиентен ефект, ја задржува влажноста на кожата, делува на отстранување на мртвите клетки и го забрзува стварањето на нови клетки. Ајдучката трева ја штити кожата од штетните UV зраци и делува заштитувачки. Невенот има антибактериско, антивоспалително дејство и ја забрзува епителизацијата на кожата.

Начин на употреба: Антидерматитната маст се нанесува на чиста кожа 2 до 3 пати дневно. Воспалената кожа на лицето и рацете претходно се мие со антидерматитниот сапун, а телото се мие со козјиот сапун па потоа се нанесува маста. Не предизвикува несакани ефекти и може да се користи долго време, односно се до целосно повлекување на дерматитот.