ПРИРОДНИ САПУНИ

Природни сапуни

Природни сапуни се изработуваат со ладна метода на сапонификација, природни масла и натриум хидроксид коj го нема во крајниот производ. Добиениот сапун е нежен за кожата, високо пенлив, содржи глицерин (кој се добива во процесот на сапонификацијата) а тој ја негува кожата и ја одржува влажна и мека. Мирисот во нив потекнува од етарските масла. Тие имаат антибактериски, антивирусни и релаксирачки својства. За разлика од природните, индустриските сапуни всушност се детергенти. Нивната пенливост потекнува од натриумлаурилсулфатот кој може да ја иритира кожата и да предизвика разни типови на дерматити. Нашите сапуни се изработени по наши оригинални рецепти. За сите сапуни имаме добиено сертификати за квалитет од Републичкиот Завод за Здравствена Заштита.